We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Не з​н​а​е​ш ш​т​о е т​о​а ч​о​в​е​к

by FxPxOx

/
1.
можам да замислам што ќе се случи доколку би требало ние луѓето од анархо-направи сам сцената да го организираме животот во нашата средина насекаде ќе има лименки и прашина, ни трага од револуцијата мислам дека навистина ќе ја заебеме долго чеканата шанса зборуваме против шаблоните, а што претставуваме ние? мрзлива еднолична толпа што само знае да се дрогира и пие
2.
те чекам тебе, а тебе те нема твојот пат веќе не води до мене се прашувам тогаш што беше ова? пријателство мислев, но дали е тоа? заборави бргу што сторив за тебе сега ти си тој што е голем и моќен јас сум длабоко, долу во калта те чекам тебе, а тебе те нема лежам долу полумртов, секое гомно гази врз мене сега кога треба да ме видиш, твоите очи гледаат друго сега кога треба да ми вратиш, во твојот живот нема место за мене дали, дали, дали слушаш? дали, дали, дали гледаш?
3.
што значи транзиција? некаква опција? пат кон иднината? трета светска војна? јас сум дете на колективот јас тој збор не го разбирам што значи транзиција? некаква опција? пат кон иднината? трета светска војна? бирам... бирам еволуција јас сум стар романтик, бирам еволуција јас сум стар романтик
4.
со молотов против системот? не си во старата Русија спушти си ја четката, не сме 77 и немаме кралица пред 10 години беше подобро? се лажеш, ти незнајко остаре, се предаде требаше да останеш каде си ти? каде сум јас? во која година? каде си ти? добро дојде во 2007-та година да, слатко дете, 2007-та
5.
време е да пораснам, да се дотерам време е да се замислам што правам мислам дека треба да се скрасам во калапот на општествениот фејк оргазам кажи ми што да направам... не сакам да сум сам кажи ми господару... време е да пораснам прочитај ми ја приказната за кралеви и слуги помогни ми да изберам од понудените улоги кажи ми што да направам... не сакам да сум сам кажи ми господару... време е да пораснам кажи ми што е добро за мене како да испливам на површината кажи ми што треба да направам господару за да ме прифати околината кажи ми што треба да направам навистина не сакам да сум сам сакам да сум како нормалните луѓе исто облечен, друштвено испеглан кажи ми што да направам... не сакам да сум сам кажи ми господару... време е да пораснам прочитај ми ја приказната за кралеви и слуги помогни ми да изберам од понудените улоги
6.
ВМРО, ДУИ, СДСМ, ДПА како дојде до работа? која е твојата партија? кажи го бројот на членската книшка морам да те проверам денес е почетокот на предизборната кампања не се секирај за гласањето, само мафтај со знамињата стави прст на глава! ВМРО, ДУИ, СДСМ, ДПА стави прст на глава! и така се' е одлучено на тајните меѓупартиски состаноци ти само мафтај со знамињата од тоа ти зависи иднината ...иднината?
7.
јас сум од племе а ти не постоиш... се колнеш во капиталистичкиот концепт на пазар мислиш дека си голем патриот, бранител на нацијата дозволи ми да ти соопштам: едноставно си демоде капитализмот создаде една сорта на луѓе-конзумери јас сум од племе во кое сите се различни единствено сме исти во раѓањето и смртта јас сум од племе во кое сите се различни единствено сме исти во болката и радоста јас сум од племе а ти не постоиш... јас сум од племе...
8.
ти си виртуелен крал, ти владееш строго на форумот си закон, ти си пали-гаси ти си хардвер и софтвер, егзекутор на различноста ти си кило и тера, ти си гига и мега ти немаш артерии, не ти се ни потребни немаш бели дробови, имаш добри драјвери немаш срце и емоции, имаш злобни постови ти си полуандроид, ти си многу осамен виртуелен крал, ти си виртуелен ти си виртуелен крал, ти владееш строго на форумот си закон, ти си пали-гаси ти си хардвер и софтвер, егзекутор на различноста ти си кило и тера, ти си гига и мега виртуелен крал, ти си виртуелен кило и тера, гига и мега
9.
те молам објасни ми навистина што си ти тестостеронски насилник во розеви маички во служба на државата, редот и законот биди алфа... алфа мажјак малтретираш деца што дуваат по скопските улици биди алфа мажјак и кажи ги сексуалните фантазии биди алфа... алфа мажјак мразиш панкери, ти изгледале педерски а уживаш во г'зот на колегата при заедничките акции биди алфа мажјак... кажи му ги твоите фантазии
10.
тврдините се градат поради страв но се градат и поради љубов љубов кон својот несовршен и ранлив свет непријателот ја искористува рансливоста пријателот го сака и учествува во несовршенството разбираш ли зошто не можам да се променам? не можам да не сакам и да не се плашам твојата тврдина
11.
другите се криви, така е подобро другите се криви, така е полесно ти си врвот на човештвото, чисто совршенство секогаш другите, другите се криви другите се криви, така е подобро другите се криви, така е полесно ти си врвот на човештвото, чисто совршенство тенок мраз, одвратна темнина, лизгаво и ладно, нема никој околу тебе, само пустош, мрши и коски, огромно пространство на ништо еве ти ја твојата гордост, твојата совршеност, совршено си сам другите се криви, така е подобро другите се криви, така е полесно ти си врвот на човештвото, чисто совршенство секогаш другите, другите се криви
12.
залудно се трудам да сум добар и забавен едноставно, ништо не ти се допаѓа кај мене ќе ме мразиш што и да направам те потсетувам на иднината, на светот без омраза секогаш ќе мислиш дека си кралот, а јас слугата ќе ме мразиш што и да направам твојата логика е сива и болна затоа знаеш само други да мразиш

about

FxPxOx на ова издание се:
Васко (вокал)
Раде (бас)
Џано (тапани)
Трипе (гитара)

сниматели: Ален Хаџи Стефанов и Ненад Неделков

снимено во Club Castro и E-Go-East Studio во ноември 2007

credits

released May 1, 2008

license

all rights reserved

tags

about

Направи Заедно Butel Municipality, Macedonia

do it together record label

contact / help

Contact Направи Заедно

Report this album or account

If you like Не знаеш што е тоа човек, you may also like: