We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Р​е​а​к​т​о​р

by ГЛАСНОМ

supported by
/
1.
Перење пари, политика, огледало младо но опасно како бебе што сега прогледало калот е на кожата а таа дива само врие, срцето бие ко што се вее знамето што крв крие и цеди мозоци - прозори без отвори, те штити тебе од секакви пророци, падови угорници Сакаш мир, примирје? Газење на своето јас - зашто сопственоста е гад, кравата за два саата човек револуционер pedobear во деца ќе гледа, дома ко мачка ќе преда а јас седам... и се смеам... а јас седам и се смеам! И имам право на тоа зошто минато кројам како стари чудни луѓе сите се глупи гуски заостанати во времето и црни коси... кои се тие мистериози? тајни крајни те кани на забава со истите луѓе лани облечени во палто, не се гледа калот сите поканети на балот каде што они кажуваат кој во колку саатот ќе игра, седи лежи или ќе биде здрвен, затоа во мракот прозори нема скрши го прозорот нека помине возот... земи ги срчите во рака и играј како ќе ти кажат! И играј како ќе ти кажат!
2.
Трпиме седиме, што правиме само се гледаме не можам да престанам да се нервирам бе те крадат пред очи, ти зимаат сѐ што имаш постепено, а ти љуби ги, со главата климаш (и го примаш) па сега сакај го лавот помина времето, се заглави и саатот Каков глуп народ ќе да бевмe? Додека некој нема сила да пее... Не се знае, ќе отидам некој да ми бае затоа што кучето што мачка брка секогаш лае само гледај ги како те крадат твојот мозок го перат и внатре своја мисла ставаат деца дури политички определени во главата што мислат незнам но се зелени желни за внимание, за нешто што ќе ги спаси уништувајќи се самите се себе, ко камикази Како трауматизиран Виетнам воен ветеран ти го дрогираат умот! (x4) Епа пази, дете политиката е многу злобна да ја уништиш треба да ја разбираш потполно со два збора ќе ти ја објаснам јас сега кради лажи, па кога ќе те фатат само бегај! До вчера сите нации исти и обединети сега секои втори што не е како вас се проклети религијата одеднаш ви стана многу важна порано сите заедно, сега тоа е приказна Како трауматизиран Виетнам воен ветеран ти го дрогираат умот! (x4) Како трауматизиран Виетнам воен ветеран ти го дрогираат умот а ти се чудиш гледаш демони гледаш мртви па се губиш... Како трауматизиран Виетнам воен ветеран ти го дрогираат умот... ти го дрогираат умот... ти го дрогираат умот... Како трауматизиран Виетнам воен ветеран ти го дрогираат умот! (x4)
3.
Црв 02:57
Да нѐ не ви е доста, од ебани исти лаги? Крал ваму, крал таму, нема слобода - пак ли? Не чуваат во незнаење, контролираат што сакаат не си глуп за да им дозволиш, не си ни сакат Плави и портокалови, сѐ е исто гласај - следи ме, стави си на главата пиштол! Ќе бидам јас среќен кога на вести ќе има среќа, а не власта побрзо да стави пари во вреќа Кради за да бидеш жив! Лажи за да бидеш жив! Го слушаш само непријателот прв, дупки во системот како во јаболко црв Еден направил лошо, а еден па добро Кого лажете, како да немаме ние око Сега смрдите па и ќоравите ве знаат но веруваат во вас, па после пак се каат А глобално, луѓето ги крадат политичари светот е задушен од немањето на пари! Кради за да бидеш жив! Лажи за да бидеш жив! Дај ми злато глас, утре јас ќе ти дадам надеж дупло богатство, сѐ што ќе побараш, Јас не лажеш Вас Еве види преработено дрво, пишува тука Ама лажеш вика црвот...
4.
XXI век 05:37
Од времe слушам извици што никој не ги слуша фати суша, зошто времето е пластика до гуша но чуј сега тука јас како пукам, со моќ што прави по вашето срце да ви чукам! Правата на нула, XXI век е многу убав, Правата на нула... Зрелите луѓе во обвивка на нивниот живот се кријат во него, и што прават пијат пиво пред коперација, интернационална корпорација а сега имаш закон против садење во својата бавча Е до каде вака, ќе ми забранат на мене да јадам и правам ајвар, и да ја слушам ќељав дабар Елиминација културна, бурна бура, сурат каде имаш сега буна, ќе се најдеш и ќе протестираш зошто немаш причина и не си задоволен со ништо ама решение нема и затоа се вртиш пак на кичот На кој да му верувам? - На никој! Правата на нула, XXI век е многу убав, Правата на нула...
5.
Еден човек, на еден господин во ресторант.... Му се упикава, иако му вика чао чао Он доаѓа кај него од почеток до крајот Мириса на твор и некои смрдени канти Бара јадење, он го одбива или плати Колку што бара, ако не те молам бегај Или како куче кога го ебат стенкај Нема право на глас, нема право на спас Нема право на живот ни да биде чист како џам Во изгорен контињер тој влезе Внатре само една брзина лер без свест Па така почна да оди по удолницата без престан Од Радишани горе, помина Чаир, помина Центар ...ја помина чаршијата и стигна кај Дестан. Таму ќебапчињата мирисаат многу убаво Зема сила човекот па го скрши капакот Од теминаната излезе, сфати дека не бил мудар Спиел внатре дури од претходниот удар Му дадоа едно ќебапче без пари Отиде во автобус бесплатна вожња да ќари Али таму контрола автобуски џандари Му рекоа на човекот карта или плати А тој нема ни тоа - ни тоа Го направија како да е во животно болва И излезе, па почна тој да оди пеш Сретна група канибалци како јадат мртов леш Потоа сретнал бизнисмен па му рекол здраво Му дал некоја пара, па одма чао чао Па отиде во продавница тој да купи нешто Продавачот го избрка без да праша нешто Мисли ќе краде ќе земе без дозвола и пари Така е со предрасуди и мисли ладни Човекот влезе потоа во поголем маркет Но таму го гледаа како да дошол десет Години неизбањат, а и така беше Сите очи кај лошо му беше Отиде надвор без да купи тој ништо Зема на крајот се самоуби ама не со пиштол Зема на плико пиша: Ми се смачи од вас Си го одземав животот поточно не јас Туку вие од мене, гладни едни створења Немам јадено со години и дена Вака подобро е за мене и за вас, Потпишано чудакот од марс!
6.
Терапија на мозокот -- види го сега одговорот и на срањата кај бега човекот позади камерата и микрофонот означен со TV лого, изиграва господ па кој е тој мене да ми каже за тебе уште еден ден, за мене хохштаплер дали од ова што го правам имам абер? Да ве известам дека тој е курајбер! Терапија на мозокот, нервните цели се цели на проекти владини надворешно бели а внатре ко јаболко, црвот го кажавме, а сега јас ќе бидам прв да го објаснам како што треба затоа што се уништува јас кога гребам па фаќај руши пополека но сигурно но со пароли, протести и тмурно! Често викаат демократски, дво партиски те контролираат најголемите во душа пички лажен хуманист, нема веќе радост ја осеќаш крвта во уста, внатрешен гадот.
7.
Помош бараме помош, да нѝ помогнат зшто сите гладуваат и мене ме трогнат но никој да се појави, ни мировници сигурно јадат дома пици, а се и пички но следниот ден копам јас во бавча гледам течен остаток од четвртата боја на раста од животни пред неколку века сега во авто се користи за пари, и за царот Преку океанските носачи на сало во авиони полни летаат кон калот Но за што? За што? За нафта! „Ако не сум јас со нив, со кој би бил?“ - Ух, штом е црно мора да е добро но знаеш кој ти дава рака, се смее гордо Ми се лоши од сите неправди вагата е изместена колку што си испран ти мириса убаво маицата кога со прашок е цела Но да остане така мораш пак и пак и пак Но дали има крај!? Зошто ние сакаме нафта
8.
3986 02:23
Абе! Отвори око, да те види богот, твојот да го запечати гнојот ти слеп сиот провод Плунка! кажи кој е начмиш капитал КФОР и чист како пастир Што е ова? Ова е мрак! Јас сум слобода за сите што се за нафтата крал Му даваш опција тој води иле, сака одма да биде со ќебе покриен. Наци фаци, фашисти, богомили и нацисти о да, секакви пизди една љубов сад бомбардери но пепелот од знамињата на вага ќе се мери! Сепак можно е да се каже за педери што не директни како кумаче Кој лаже!? Кој краде!? на крај чист образ и ајвар јаде! И сега... три и девесто осумдес шеста јас војник во војска на прва мета црвена ѕвезда во вселена веќе нема боцкање на мојата пета што се случува јас гледам веќе во место не верглам Социјалистичка држава година три и девесто осумдес шеста Не сонувај! Врати се назад! ЗНАМИЊА ГОРАТ, МЛАДИНА СЕ КРЕВА!
9.
Темно е, не гледам ништо гол како пиштол, вадам батерија и слушам врисок Отварам очи, во ходникот миризба грда од прозорот се гледа рингишпил на смртта Нема никој - Зошто сум тука, причина? Можеби да се најдам во минатото на лириката Постери 1986, слободно изгледа, сѐ на место но мовта толку брзо, бесно Тесно е, клаустрофобија среќа немам, но гледам - што гледам? Беда и болка редам... Со мојот поглед на српот и чеканот на врвот рѓосан на кровот седи како тронот. На врвот на една зграда се гледа девојче со кукла ружна, а таа е толку убава и будна, небото сиво гледа накај неа, почна да врне, и таа пее рингишпил на смртта! И шетам по градот, гледам рѓа. Насекаде во воздухот миризба грда, има луѓе што мислеле дека ова е слобода, но не била и затоа злото добило крила Тоа е градот со рингишпил на смртта Припјат до Чернобил, желни за енергија пари и дрва, згради, фасади, па курот си го лади, додека некој после ти ги трга отпадоците со кран и ... Добро, се враќам јас, одам ко ас, украс нема а нема ни вазна цвеќе, но има вегетација, трева, дрва. Прва мисла: Девојчето од каде е? Пратено од CIA Но кој ќе стапне тука, мене да ме бара, кога јас сум "андерграунд" колку што е "андерграунд" во дворот мој мојата бара... Сакате Скопје да биде напуштен град, во иднина без контрола - ко метропола? Не секако, грдотија насегде - ми недостига Скопје без споменици насегде! А лек де? Рингишпил на смртта!

about

ГЛАСНОМ на ова издание се:
Андријан Апостолоски (вокал)
Кристијан Трајковски (гитара)
Марко Зарев (бас)
Кристијан Новковски (тапани)

гостин: Валентин Видовиќ (саксофон) на „Чудакот од Марс“

снимено во MarryPHAT Studio од страна на Горан Петровски и Ивица Јанкуловски

контакт: glasnom@gmail.com

credits

released March 5, 2014

license

all rights reserved

tags

about

Направи Заедно Butel Municipality, Macedonia

do it together record label

contact / help

Contact Направи Заедно

Report this album or account

If you like Реактор, you may also like: