Танго револуционер

by ХАХАХА

/
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.

about

ХАХАХА на ова издание се:
Васко Атанасоски (вокал, гитара)
Џано Куч (тапани)
Ненад Трифуновски (бас)

музика / текстови: Васко Атанасоски
(освен "Син на гладот" - текст: Коста Солев Рацин)

аранжман: ХАХАХА

снимател / продуцент / мастеринг: Ненад Трифуновски

инструментите се снимени во гаражата во Козле (спроти Алумина) во декември 2010, а вокалите се снимени во студиото на Гени во Стара Телевизија во Карпош 4 во јануари/февруари 2011

--------------------------------------------------

НАПРАВИ ЗАЕДНО
www.napravizaedno.com

MOONLEE RECORDS (SI)
www.moonleerecords.com

DHP-AK47 (HR)
dhpak47.blogspot.com

DOOMTOWN RECORDS (HR)
livinginadoomtown.blogspot.com

PRUEGELPRINZ RECORDS (DE)
pruegelprinz.blogsport.de

GAPHALS (SE)
gaphals.se

THRASHBASTARD (DE)
www.discogs.com/label/Thrashbastard

credits

released April 23, 2011

tags

license

all rights reserved

about

Направи Заедно Butel Municipality, Macedonia

do it together record label

contact / help

Contact Направи Заедно

Track Name: Indie = Independent, Fan = Fanatic
тешко тече животот на сите скопјани... убијците на градов
капитализам, верување во шопинг молови, брендирано стадо
квази световност, мантии и суровост
легалното чедоморство доаѓа како последица

инди значи независност, конструктивна фанатичност
Скопје значи одговорност
инди значи конструктивност, одговорна фанатичност
103 значи одговорност

и нема крај, размислувај... не си тука да те гонат
и нема крај, учествувај... не си тука да те молат
Track Name: Човекот кого Рацин го опејува
да се биде некој кој сонот го сонува
да се биде слуга на воздухот и водата
да се биде некој кој на сонцето се радува
да се биде човекотот кого Рацин го опејува

од ден за ден, можеби е последен
од ден за ден, овој момент е посебен
и можеби ме чека лудило
но нема веќе назад, детето е родено

да се биде љангар и во тоа да се ужива
да се биде човекот кој ги гали кучињата
да се биде некој кому не му треба владата
да се биде човек кој не знае за омраза
Track Name: Ова е твој град
ова е твој град, тука се се случува
и нема друго место, време, судбина... не очекувај
ова е твој град, твој личен плоштад
и дозволиш ли еднаш да не те прашаат... се ќе разрушат
чекори и сонувај и очекувај... од овој/твојот град
ова е твој град, срушена тврдина
и сега нема смисла да ја дигаме
ова е твој град, твоја судбина
рамен е и добар за љубов, одење
оди заљуби се
Track Name: Младите не се млади
јадат супа секој ден, систематско труење
Вакулинчук против е, не ги сака црвите.
докторот не даде стручно одобрување
сите освен него ги видоа црвите
сепак има граница човечкото трпение
супата ќе зоврие, ќе летаат главите

младите не се млади повеќе
нема веќе младост, нема растење
младите не се млади повеќе
Одеса е за морнарите

дајте ни го овој ден, долу со мачевите
дајте ни го овој ден, долу со крстовите
дајте ни го овој ден, долу со касапите
дајте ни го овој ден, долу со царевите

убиен за тањир супа, да не заборавиме
Одеса е за морнарите, дали и Скопје е?
Track Name: Врати го тој проклет ден
врати го тој проклет ден, погледни го во очите
и сам побарај, нема никој друг да разбере
и што да се очекува, стално тој заборава
на тој суров дел, дека тогаш ти си отсутен
врати го тој проклет ден, барај му внимание
и сам побарај, сега барај да те разбере
и пред да ти се надреди, немој да заборави
на тој свет дел, ова е твојот проклет ден
и никој нема да ти побара
сам си момче, твоја е главата
дај научи да кажеш што сакаш
и извикни: "ова е мојот проклет ден!"
врати го тој проклет дел од тебе што е изваден
и сам прочепкај, најди место во градите
и пред да ти се засади, немој да заборавиш
на тој мал дел, чувај си го во градите
Track Name: Светот е огледало
еден човек секогаш е пред тебе
светот е огледало, зарем не?
денес нема никој на улиците
сите се на facebook, празно е
колку ќе ни треба да разбереме
во гробот нема ништо да однесеме
светот е огледало, зарем не?
чудно тркало на мајмуните
ги прашуваш во Пентагон/Вавилон, мижиш пред одразот
сакат трчаш маратон, го кршиш огледалото
еден човек секогаш е пред тебе
чекори кон смртта, ист од раѓање
светот е огледало, зарем не?
се плашиме од несреќа, се плашиме од од кршење
Track Name: Сивомаслинести и маскирни
сивомаслинести и маскирни, тоа не се бои вистински
создадени да обојат кукли што убиваат
служат и дресираат, убијци на твојот град
сивомаслинести и маскирни кријат стари наци гадови
тренирани да создадат кучиња на војната
гризат, распарчуваат деца на цвеќињата
сивомаслинести и маскирни кријат стари наци доктори
обучени да создадат реплика на ДНК
скриени во џунглата на насилство и забава
Track Name: Танго револуционер
бевме само деца, а ѕидот се подигаше и растеше
десет мали прсти го удираа
јас уште не знаев ни со бокс да замавнам, да повредам
а веќе заедно со зидот пораснав
усрав две-три добри прилики со своите детски потези
плукнавме на сите пионерски заклетви и сонови
луѓето тука веќе не се титани
знаев дека носам кривица, ме чека емо самица
па, светот пропаѓа, пропаѓа поради нас
затоа мрдни два-три чекори со својте танго партнери
и наместо да се фалиш со други брадести мозоци
треба да им се доближиш, но, не со црно бели пророци
време е за танго чекори
мрдни два-три чекори со својте танго партнери
и донеси промени со колкови и насмевки
стисни го/ја тој/таа до тебе и само води го/ја
и играјте, играјте најдобро што можете
Track Name: Каде што нема плач и воздишка
ох, се родив со плач без облека
така почнав да живеам
само генетски потенцијал
без никаква титула
таму кај што нема плач и воздишка
не сакам/можам да живеам
таму кај што нема плач и воздишка
ох, после првиот плач, јас почнувам да умирам
по земја газам и земја ме покрива
Track Name: Син на гладот
фабричките оџаци, аморфното молчење, презирот и постмевот,
бесцелното скитање, омраза и бдеење, награда од светот се
о, зошто така е? бесцелното скитање
омразата моја, моето бдеење и само парче леб
немам ништо,немам ништо, ништо немам
на гладот сум син