1. |
Game Over
02:07
|
|
||
Истата игра, истата стаза, уште еден живот, играм пак... Внимавам да не згрешам на исто место. Истиот лик, друга оаза, уште една болна шанса за да сфатам дека сé е така правоаглесто... Бара очај, фрла меч. Калај, жар, колизија. Лоши глумци, добар скеч. Умот бара провизија... Јас се каам, ти се смееш! Нерви, фитил, динамит! Јас шепкам, ти се дереш, бараш од мене да бидам... Што?! Доктор, мудрец, учител... Куче верен пријател што ќе те сака и чува дури го камшикуваш. Упатство, лоши инструкции, сите имаме опции... Утре пак ќе ме раздени!
|
||||
2. |
Зелен, сончев ден
02:23
|
|
||
Силувани амбиции, трансплантирана волја за прогрес... Рамни варијации, општи дефиниции! Инекција за успех, апчиња за среќа. Кукла во излог, велиш: Ова сум јас! Магма која продира во моите клепки и студен бран ме фрла на земја. Почнува да чука часовникот во мене, клопче омраза - ме угнети нов ден! Сé е жолто сиво, сé е толку диво, вештачки припитомено... Сé е пластично, толку фантастично. Компресирано, затворено...
|
||||
3. |
Некогаш да бидеме
02:18
|
|
||
Се погрижи светот да заврши летот, да слетам во вода и мојата слобода да ја подарам некому. Не сакам да заминам. Се погрижи некој да не може секој да допре до мене и сé што чувам во себе засекогаш да излезе. Не сакам да потонам... Тргни ги завесите. Убеди ме, излажи ме дека не може да бидеме. Закоси ги веѓите и веќе еднаш заборави ме! Или се ти се на ноќите кога совеста нé печеше. Исклучи ги виугите и кажи дали исто се чувствуваме! Не сум променет!
|
||||
4. |
Убивајќи го Парменид
02:23
|
|
||
Сакам да ги фрлам уздите... Да го уништам сонцето. Така барем ќе знам дека заебав сé! Нека ме болат лисиците и нема да ме плашат судиите, нема да зјапам во земјата! Не знаев дека земјата создава такви убијци! Не знаев дека вистината остава такви модрици! Не знаев дека јас ќе заборавам...
|
||||
5. |
Заминувам (II дел)
02:06
|
|
||
Низа ситни епифании, кањони, реки, провалии... Чекор поблиску до самоспознавањето, чекор подалеку од целта. И повторно исти прашања во мојата глава. И повторно различни луѓе околу мене. И повторно се чувствувам стерилен!
|
||||
6. |
Вечно враќање кон...
01:39
|
|
||
Во потрага по она кое сите веќе го имаат. Потрага по оние кои според други критериуми го примаат. Во свет во кој забрането е да јадеш принципи и сонуваш, подобро е да возиш Мерцедес отколку смело да чекориш... Се освестив и разбудив долго откако сонцето зајде. Се насочив кон она што ми треба по илјада и прв пат. Можеби треба да почнам да верувам во Алах или да се прекрстам... Можеби треба да пресечам вени, да се обесам, да се убијам. Нема сонце, нема маче, нема солза, нема раче, нема портокал. Жарта пече, студот сече, барам начин да се изгубам. Барам очи полни почит, вечна потрага по розево огледало, го барам делот што ми фали... Сакаш да не бидеш она што си, сакаш некој друг да ти пресуди! Сакаш да не бидеш она што си, сакаш некој друг да те промени!
|
||||
7. |
Сам свој роб
02:25
|
|
||
Не сакам да бидам Бог, не сакам од мене ништо, можеби, да зависи. Мојот удар е само влог во идните наши меѓучовечки односи. Не сакам да бидам јас, тоа може да ме осуди и погуби. Се плашам да го кажам на глас она што може да ме побие и убие. Јас сум роб на сопствената слобода. Ова не го предвидов, ни разглобив... Ова не е моја лична победа. И избрав да не избирам, станав роб на времето. Роб на работ кој нé дели мене и тебе! И оние што врескајќи ги разбудив, а можеби не ни знаеја дека постојам!
|
||||
8. |
Сé што имам
02:08
|
|
||
Предвремено во пензија без ниту еден ден стаж. Ми се чини светот е обичен колаж од едно списание, иста едиција. Болна, извитоперена традиција. Сé што имам се куп листови кои сведочат за мојот гнев. Се што имам е едно лице без маска или блеф. Имам само "пеес кубика" кои треба да ме одведат во рај! Имам само две раце кои треба да пресудат крај!
|
||||
9. |
Последна елегија на...
02:54
|
|
||
И тогаш паднаа Едемските порти, таа се врати кај што припаѓа, додека да се освестам од оваа вртоглава несоница... И пак ќе те посети на сон со бели крилја, светлина. Отвори очи и земи здив! Последна елегија на...
|
||||
10. |
Сé уште жив
02:10
|
|
||
Ја гледам во очите, од неа најмногу се плашиме. Се држам силно за роговите. Се трудиме да се држиме што подалеку, зар не? Чекам во секој миг да ме покрие... И кога вечерта ќе проба да ја измие маската од твоето лице и да те приближи до нив, кажи го она што го мислиш сите овие години и сети се дека сé уште си жив. Ти сé уште си жив! И ајде сврти се кон нив! Го слушам прекорот, го следам чекорот, но сакам да сум слободен. Го барам она што ме управува, угнетува, засекогаш да го уништам!
|
||||
11. |
Тука нема иднина
02:42
|
|
||
Ајде! Носи ме подалеку од трлото на малите. Не е лесно да си бела овца меѓу црните... Не сакам да заминам, а уште помалку овде јас да живеам! Останав проклето сам на пустиот југ и пробувам да го обојам, да го променам, да го подобрам... Сакаш само да заминеш, сакаш таму да успееш. Сакаш само да заминеш, не сакаш да се потрудиш. Сакаш само да заминеш, не сакаш да промениш. Сакаш само да заминеш, не сакаш да полудиш!
|
||||
12. |
Земи некој друг
03:23
|
|
||
Пред мене бледа слика во црно, ми пријде и ми рече, ме води во домот на моите херои. И' реков дека сакам да останам овде, поблиску до своите луѓе! Имам уште многу да кажам, да прочитам и видам, слушнам, почувствувам и допрам. Не сакам да дојдам со тебе под земја, ќе мора да најдеш друга жртва!
|
If you like Зелен, сончев ден, you may also like:
Bandcamp Daily your guide to the world of Bandcamp