Happiness Machines

by Bernays Propaganda

/
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
03:21
10.

about

Bernays Propaganda на ова издание се:
Кристина Горовска (вокал)
Васко Атанасоски (гитара)
Џано Куч (тапани)
Саша Павловиќ (бас)

музика: Васко Атанасоски

текстови: Кристина Горовска
(освен "Убиј ме!" - текст: Васко Атанасоски)

аранжман: Bernays Propaganda

снимател / миксер / продуцент: Валентино Скендеровски

асистент на снимање: Ненад Трифуновски

ко-продуцент: Bernays Propaganda

снимено во Enterprise Studio (октомври - декември 2008)

мастеринг: Carl Saff

--------------------------------------------------

НАПРАВИ ЗАЕДНО
www.napravizaedno.com

PMG RECORDINGS
pmgrecordings.com

MOONLEE RECORDS (SI)
www.moonleerecords.com

PRUEGELPRINZ RECORDS (DE)
pruegelprinz.blogsport.de

credits

released April 6, 2009

tags

license

all rights reserved

about

Направи Заедно Butel Municipality, Macedonia

do it together record label

contact / help

Contact Направи Заедно

Track Name: Убиј ме!
зошто се раѓаш?
зошто умираш?
знаеш ли зошто живееш?
не сум како тебе
немам иста боја
омразата е твоја - затоа
убиј ме, убиј, убиј ме!!!
не сум како тебе
Track Name: Уживаш ли во своја придружба?
да можеш да се клонираш ќе уживаш ли во своја придружба?
што ако уживаш барем една минута во профилот кој го мразиш или презираш?
би ризикувал ли ако овој пат не се дава претстава на јавноста?
би ја препознал или уште еднаш би ја рециклирал глупоста?
да можеш да се клонираш ќе продолжиш ли кај што застана?
или ќе пробуваш други звуци, луѓе, места различни од оние на кои им се заколна?
имаш ли воопшто идеја како да и' аплаудираш на копијата?
ако сé зависи од тебе, нема оправдувања
Track Name: Безбедно лево
пази се секогаш, потивко, кога гледаат, а не слушаат
пази се секогаш кога безгрешните сецираат
собно светло, безбедно лево, клуч и ѕидови рамнодушни на гнев и досада
храбри фрази - опасно квази, херои кои се плашат да се потпишат
ако суди без да игра, забрането е да учествува во играта
ако игра за да ласка, поразително е ако ве возбудува
што ако врвот не е таму каде што до сега се качувавме?
што ако казната ја спроведуваат тие што грешат?!
зошто мора некој да казнува за да не ја изгубиме контролата?
ако премногу размислувам, те молам прочитај ми ги правата!
читај, читај, читај ми ги правата! дефинирај ми ја главата!
Track Name: Ден пред да исчезнам
јас ќе чекам да ме снема пак од мапата
без адреса нема никој да ми пишува
колку ќе издржам сам/а со себе не знам!
колку се познавам? се плашам ако прогледам
излез-влез, враќам почеток
контрола имам само меѓу вас
бев комунист, малку шовинист, можда пацифист
битно - не бев сам/а
излез-влез, враќам почеток
контрола имам само позади вас
Track Name: Сé ќе се распадне
сé ќе се распадне, само да кажам "да!"
се ќе се помрдне, само да одлучам
и кога ќе одлучам да не гласам за к/рај
и кога ќе одлучам да не плаќам за хај
кога се плашам, гледам црно/бело и заспивам
кога ќе одлучам да не одлучувам
сéедно - ме има! се распаѓам...
Track Name: Не сакам да знам
не сакам да знам ни што е доле, ни што е горе
дури не разјаснам како е тука и сега
дишев, заработував со манична депресија
за карта - еден правец во подобра иднина
мора да е подобро, далеку е најдобро
ако овде лузер сум и таму ќе ги заразам
време е да пораснам!
не сакам да знам ни што е горе, ни што е доле
дури не разјаснам како е тука и сега
резревна планета? атрактивна понуда
немам доверба, ништо не завршивме до крај
наброј ми утопија која не застана
како провинција од она што избега
време е да пораснам! знам, знам!
овде, таму - од можев знаев, не сакав!
време е да се излечам! знам, знам!
овде, таму - од можев, знаев, ама, не сакав!
не сакам да знам
Track Name: Анонимен непријател
бродот тоне, цела палуба мастурбира
на знаме со сонце, ѕвезди, корен, педигре
повод: кризна состојба, се мешаат брзините
капетанот бега прв и има само еден појас за спасување
го сакам еј, еј, а не знам кој е
му верувам, а не знам каде е
спасителот го чекаат слабите и глуми пријател
истиот што ми измисли анонимен непријател
го мразам еј, еј, а не знам кој е
нишанам, а не знам каде е
Track Name: Хомо или сапиенс
имаш лузни од стегната кравата и клечење на колена
имаш хемороиди од фенг шуи канцеларија
имаш менингитис од бруто-нето маркетинг стратегија
имаш воспаление од перење во хуманитарна акција
имаш рак на кожа од рефлекторите на популарноста
дигаш адреналин само во спортска кладилница и на Евровизија
и после сите проблеми имаш лице да кажеш дека си еволуирал
и би ги пратил сите педери на егзекуција?!
Track Name: Yuppie dream
нема никогаш да учам да освојувам некоја Трамп династија
нема никогаш да прифатам дека врвот на цивилизацијата е глупа Јапи креација
Јапи клон не е фон на мојот сон!
Track Name: Без превод
кажи дали некогаш си помислил да слушнеш глас што не е буква и значи живот, а не апетит?
кажи дали некогаш си помислил да ги погледнеш во очи кога ги колат за твое уживање?