Невреме

by A Venus Fly Trap

supported by
/
1.
04:28
2.
3.
4.
5.
6.
7.
04:56
8.
03:30
9.
03:15

about

A Venus Fly Trap на ова издание се:
Горан Стојчевски (вокал, клавијатури)
Александар Савовски (гитара, вокал)
Петар Паневски (бас)

гостин: Саше Паневски (вокал на 5 и придружен вокал на 9)

музика / текст / аранжман / изведба: A Venus Fly Trap
(освен "Влез" каде што се позајмени дијалози од филмот "Македонскиот дел од пеколот".)

снимање, миксање и мастеринг: Горан Стојчевски
снимено во студио “Барака” 2012-2013

дизајн: Филип Тасевски – Fitz
cover фотографија: Борјан
бенд фотографија: Игор Костов

контакт: avenusflytrap.mk@gmail.com

credits

released March 18, 2014

tags

license

all rights reserved

about

Направи Заедно Butel Municipality, Macedonia

do it together record label

contact / help

Contact Направи Заедно

Track Name: Деца
Сите сме деца
со кревки срца
имаме крилја
креативна слобода
jас моите
силно ги ширам
и земам замав
тргам во лет.

И пак се гледаме
дел сме од градина
вегетираме,
дрвена младина
силно ги презирам
тогаш корените
да сонувам продложувам
како ги менувам чевлите.
Track Name: Невреме
Арт супервизори без ни малку визија
мразат само теми актуелни на телевизија.

Горди глави бледеат барајќи зрак
се пронајдоа себе губејќи го својот пат.

Тој писател е клише, оној чарт е анонимен, ова е албум на година
овој град урбано дише, ниже филмови зад себе, но заборава на добрина.
Истомисленици! Пријатели!

Авангардна ложа од ре-блогери
музичка полиција, култни фаци стонери.

Горди глави бледеат барајќи зрак
се пронајдоа себе губејќи го својот пат.

Тој писател е клише, оној чарт е анонимен, ова е албум на година
овој град урбано дише, снима филмови за себе, но заборава на добрина.
Истомисленици! Пријатели!
Избери пријатели!
Track Name: Кукавички крилја
Моќната уста слабости бира
за својата цел - кукавички крилја
во првиот ред неразумна сила
се бори за сон што не го разбира.

Моќната уста слабости бира
за својата цел - кукавички крилја
во првиот ред неразумна сила
се бори за сон што не го сонува.

лет над кукавичко...
Низ градот одекнува моќниот глас,
Во празно одекнува:
Лет над напуштен град!

Моќниот гласник слабости бира
за својата цел – кукавички крилја
во вториот ред трпеза празна
се бори за лага се надева.

Моќниот гласник слабости бира
за својата цел – кукавички крилја
во вториот ред чинија полна
сит и полн џеб, не го засега.
Track Name: Не постои
Многу од тоа постои без причина
Голем дел и не постои
Често пати се појавува во форма на разговор
На оние кои се натпреваруваат да бидат синоним на трендот
Кога се случи невреме – викав
Спиев покрај реки, алкохол и пламен
Непосакувано влијание
Далеку од фокусот на градскиот камен
Звуци што без четка портрет насликаа
Скапо време – огледало
Задоволство, задоволство како љубов
Другарство, другарство како бендот
Многу од тоа постои без причина
Голем дел и не постои
Често пати се појавува во форма на разговор
Кај оние кои се натпреваруваат да бидат дел од трендот

Се погледнувам во очи низ чад – замаглен кристал
Мојот одраз безсрамно бара спас
Некој што го познавав, со кој живеев во мисла
Си поигрува не со мене, со моето лице прво еднина
Track Name: Мртов философ
Лошиот човек убива
го убива твојот философ
може да биде било кој
заведен во прилогот
од беспрекорни критики
за недостиг на перфекција
го дели само еден прозорец
и многу често брза
интернет конекција!

Лошиот човек сонува
го сонува твојот философ
може да биде било кој
полн немоќ и омраза во животот
од бес мрза и љубомора
за недопрена дирекција
го дели само еден прозорец
и многу често брза
интернет конекција!
Track Name: Интерсвет
Погледај од друга страна на очите
проговори да разбиеш молчење
нашкртај на стуткан лист хартија
и додади...
Погледај од друга страна на очите
проговори да разбиеш молчење
нашкртај на стуткан лист хартија
и додади да потполниш празнина.
Погледај од друга страна на очите
дејствувај во протест на чекање
нашкртај на стуткан лист хартија
и додади...
Погледај од друга страна на очите
дејствувај во протест на чекање
нашкртај на стуткан лист хартија
и додади да потполниш празнина.
Track Name: 4'56"
Како гладен ѕвер
време пушта крици
на совеста се стрви
секунди чекорат по крцкави штици

Долги минути се множат
ладни стопала игли ги бодат
недобредојдени мисли
по ѕид отворени очи ги водат.

Како гладен ѕвер
барам сол брашно и вода
светлина шанса дава
залудно заспивам цврсто кога

Некоја задача не е извршена!
Track Name: Блонди
Нејасни времиња динамична култура
поклон искушение во нас провоцира
нови маски носат исти стари фаци
успешно нé прават сите нас вакви
евтина терезија извика – “грев!”
скапуваш со својата фиктивна совест
потчинет под алатка за толпа луѓе
овчар, стап и еден пес

со незнаење само паѓа народ
и историја лажна храброст раѓа
еволуција во храм се моли крие
само име си знам

тие рушат тие градат дур мижиш
гледаш само она што сакаат да видиш
медиумска цена за искрена вест
тв канали со свои вистини и дрес
таа појава не допира ни малку, таа вистина не плива,
таа состојба не допира до тебе, само име си знам,
таа појава не допира ни малку, таа вистина не плива,
таа состојба непозната за тебе, само име си знам,
само име си знам, блонди име си знае.